Тепачка во слаткарница во Куманово

Сподели со своите пријатели

На 31.12.2016 година околу 07,30 часот во Куманово на улица „11-ти Октомври“ бб, додека А.И.(48) од село Слупчане, со лицето Ф.Ј., седеле во слаткарницата „Романтика“, дошле Ф.Х.(46), Ф.С.(48) и Ф.З.(51) сите од село Черкези, и поради претходна нетрпеливост најпрвин Ф.З. го испрскал А.И со спреј во очите, а потоа Ф.С. со метална шипка го удрил во пределот на главата и телото, по што успеал да избега, информираат од Министерството за внатрешни работи.

А.И. со возило на ИМП е однесен во УЦ-Куманово каде му се констатирани телесни повреди (нагмечување- хематом и расекотини на главата) и е задржан на лекување.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.