Тепачка во ноќен бар во Куманово

Сподели со своите пријатели

СВР Куманово поднесе кривична пријава против С.М. (38), Б.Т. (32) и М.Б. (31), сите од Куманово вработени во агенција за обезбедување, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“.

На 26.12.2015 година, пријавените вршеле обезбедување на ноќен бар во Куманово. Околу 00.10 часот В.Ј. (40), З.С. (44), А.А. (39) и З.С. (41), сите од Куманово, се обиделе да влезат во ноќниот бар но не биле пуштени од страна на пријавените. По ова настанала вербална расправија, а потоа биле и физички нападнати од страна на пријавените кои  им нанеле телесни повреди на З.С. и В.Ј.