Теоретските белешки на Ајнштајн се продадени за 11 милиони евра

Сподели со своите пријатели

Теоретските ракописи на Алберт Ајнштајн со пресметките со кои ја формулирал својата теорија на релативност се продадени на аукција за 11 милиони евра (9,7 милиони фунти, 13 милиони долари).

Loading...

Продажбата во аукциската куќа Кристи во Париз го урна рекордот во продажба на автентични научни документи со потписи на авторот, јавува Би-Би-Си.

Тоа е едно од само двете теоретски дела на овој голем физичар од времето кога работел на своето најголемо научно откритие.

 

 

Теоријата на релативноста, објавена во 1915 година, го трансформира човечкото разбирање за просторот, времето и гравитацијата.

Ракописите со пресметките биле напишани меѓу 1913 и 1914 година од Алберт Ајнштајн и неговиот колега Швајцарецот Мишел Бесо, кога овој документ бил зачуван, поради што аукциската куќа Кристи го пофалила дека „напорно размислувал да го спаси ракописот“.

Loading...