Температурни рекорди за јануари: Денес и до 18 степени

Сподели со своите пријатели

Вреемето денеска ќе биде сончево и малку потопло со мала до умерена локална облачност, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Во претпладневните часови низ котлините маглата ќе слабее, а ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец, најизразен во југозападниот дел од земјата.

Максималната температура од ќе се движи во интервал од 10 до 18 степени целзиусови.

Во Куманово и околината времето денеска ќе биде сончево мала до умерена облачност. Температурата во текот на денот ќе достигне и до 10 степени, а во текот на вечерните и ноќните часови истата ќе се спушти и до -2 степени целзиусови. Минималната утринска температура измерена денес изнесува -1 степен.

И утре по одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. За време на викендот како и во текот на следната работна седмица ќе се задржи стабилно и релативно топло време, што ќе услови топење на снежната покривка на планините, додаваат од УХМР.