Температурите во пораст во следните денови

Сподели со своите пријатели

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со умерен до засилен северозападен ветер. Во североисточните делови повремено ќе провејува слаб снег. Максималната температура ќе биде во интервал од -2 до 6 степени.

Loading...

Во Куманово и околината денеска имаме сончево до умерено облачно време со засилене северен ветер.

Во следните два дена ќе преовладува стабилно време со пораст на дневните температури. Во петок и за време на викендот ќе има зголемена облачност со локални слаби врнежи од дожд на пониските и снег на повисоките места и планините, претежно во западните делови. По одделни котлини ќе има појава на магла.

Leave a Reply