Температурите во пораст со услови за слаб дожд

Сподели со своите пријатели

Времето денеска ќе биде умерено облачно, во западните и југозападните делови претпладне со услови за локален дожд. Ќе дува умерен до засилен северен ветер, особено попладне.

Како што информираат од Управата за хидрометеоролошки работи, минималните температури ќе се движат од 2 до 11, а максималните од 22 до 27 степени.

Во Куманово и околината денеска ќе имаме сончево до умерено облачно врем со максимална температура од 22 степени. Ќе дува умерен ветер од северен, односно северозападен правец.

Нашето подрачје, како што додаваат од УХМР, во наредните денови ќе се наоѓа на периферија од циклонската активност од Медитеранот, времето во наредните денови ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, локално ќе има услови за слаб и краткотраен дожд. Температурата на воздухот ќе има благ пораст.

Leave a Reply