Температурите од недела и над 20 степени

Сподели со своите пријатели

Повеќе облачност утринава има во централните делови од земјата, а во останатите делови е сончево со мала до умерена облачност. Понекаде дува слаб променлив ветер.

Loading...

Сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северозападен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 8 до 16 степени, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Во следните денови ќе имаме период на стабилно и суво време со пораст на дневните температури, кои во недела и во првите денови од следната седмица на повеќе места ќе бидат над 20 степени. Минималните температури тогаш ќе се позитивни.

Leave a Reply