ТЕМПЕРАТУРЕН ШОК: УХМР со најава за обилни врнежи и пад на температурите

Сподели со своите пријатели

Утре времето ќе биде променливо облачно и постудено, а под влијание на влажна воздушна маса од четврток следува период на претежно облачно време, преку денот значително посвежо, со врнежи од дожд со променлив интензитет, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Loading...

На места врнежите повремено ќе бидат пообилни со пороен карактер кога локално ќе наврнат и над 30 л/м2 за 24 часа, а ќе бидат проследени со повремено засилен ветер.

Дневните температури од четврток насекаде ќе опаднат од 10 до 12 степени.

Никола Ивановски