Тело пронајдено во фаза на распаѓање во стан во Скопје

Сподели со своите пријатели

Вчеравечер околу 00,30 часот во ЕИК-Скопје, Т.Ч. пријавил дека на ул.„Архитект Никола Добровиќ“, во станот на нивниот сосед кој живеел сам, се ширело непријатна миризба и истите се посомневале дека бил починат, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Влезната врата била отворена со бравар, а на местото на настанот бил повикан и неговиот брат. Бил утврден идентитетот на лицето-К.А. (61) чие тело било во фаза на распаѓање.

По наредба на Јавен Обвинител телото на починатиот било предадено на институтот за Судска Медицина за обдукција.