Телескопот Кеплер останува без гориво (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Телескопот на НАСА, Кеплер кој скоро десет години се наоѓа длабоко во галаксијата Млечен пат, останува без гориво. Тој телескоп, досега откри и потврди постоење на дури 2.300 планети кои кружат околу одалечените ѕвезди.

Фотографирајте ги облаците за истражувањето на НАСА

Loading...

Кеплер, исто така, пружа увид и во можностите за постоење на неколку илади планети, кои допрва треба да бидат потврдени. Вкупно 30 од сите потврдени палнети „живеат“ во внатрешноста на зоните на своите ѕвезди, кои би можеле да имаат услови за живот на луѓето, како и можност на нив да постои пивка вода како на Земјата.

Пет тајни кои НАСА никако не сака да ги знаете (видео)

Кеплер без гориво ќе остане за неколку месеци, потврдува инжинерот на НАСА, Чарли Собек.

НАСА ќе го објави најголемото откритие во историјата на човештвото (видео)

Кеплер се наоѓа во орбитата околу Сонцето, на одачеленост од околу 150 милиони километри. На тој начин гравитацијата на Земјата и рефлектирачката светлина не делуваат врз него и не влијаат на неговите прецизни мерења од одалечените планети.

НАСА „за влако“ избегнала катастрофа над Марс

Кога Кеплер ја воочил егзопланетата, не снима веднаш фотографија, со оглед дека таа е предалеку, туку ги следи разликите во чувствителноста додека планетата полека минува пред одалечената ѕвезда. Врз основа на тоа, експертите на НАСА можат да проценат големина и можен состав на егзопланетата, како и колку долго таа патува околу ѕвездата и колку светлина привремено блокира.

Мистериозна најава: НАСА откри услови за живот на Плутон?

Кога конечно станува вселенски отпад, телескопот нема да претставува опасност за другите сателити.

12 локации на кои се случуваат мистериозни, паранормални и вознемирувачки појави (ФОТО)

Кеплер наскоро ќе биде заменет со нов телескоп – сателитот TESS (Transiting Exoplanet Survey Satellite), кој ќе биде лансиран на 16. април.

Leave a Reply