Телефон кој чини повеќе од некои автомобили

Сподели со своите пријатели

Верти е познат по своите прескапи, лоу-теч уреди. Некои модели на оваа компанија чинат илјадници долари, а новиот Vertu Signature for Bentley телефон доаѓа со цена повеќе од 22.000 долари.

Loading...

Новиот телефон доаѓа од партнерската комапнија Верту и производителот на луксузните автомобили Бентли.

Занимливо е тоа дека овогодинешната верзија на Вертуовиот додаток за Бентли не е ни смартфон. Во прашање е класичен телефон, без тачскрин, со алфанумеричка тастатура и со Series 40 софтвер. Signature for Bentley  е моделиран според Mulsanne Speed моделот на компанијата Бентли. Телефонот има исполиран крај од нерѓосувачки челик, како и перниче од угленични влакна кои го опкружуваат звучникот.

Техничките спецификации не се репрезентативни и вклучуваат 2-инчен дисплеј од сафир, 4гб интерна меморија, Wi-Fi и блутут подршка, 1050mAh батерија (која овозможува до 300 часа во стендбај). Верту овозможува на купувачите сами да го изберат дизајнот на телефонот, кој ќе одговара на дизајнот на нивниот автомобил. Vertu Signature for Bentley ќе биде достапен за купувачите од септември.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.