Тела на 21 лице пронајдени во илегален рудник во Јужна Африка

Сподели со своите пријатели

Тела на најмалку 21 лице се пронајдени во илегален рудник во близина на градот Кругесдорп западно од Јоханесбург, соопштија претставници на јужноафриканската полиција.

Loading...

Оттаму велат дека вчера биле пронајдени телата на 19 рудари, додека утрото биле пронајдени уште двајца, пренесува АП.

Полициските власти се сомневаат дека рударите загинале на друго место, а дека телата потоа биле донесени на локацијата каде што биле откриени.

„Можеме да потврдиме дека утринава нашите спасувачки екипи се вратија на местото на настанот и пронајдоа уште две тела. Тие ги извлекоа од окното на рудникот“, изјави денеска портпаролката на полицијата Бренда Муридили.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Најмалку седум лица загинаа во пожарите во Португалија

Нелегалното ископување не е невообичаено во Јужна Африка, бидејќи рударите познати како „зама заме“ бараат злато во многуте напуштени рудници во и околу регионот на Јоханесбург.

Нелегалните рударски банди се сметаат за опасни од полицијата, обично се вооружени и се познати по тоа што водат насилни битки со ривалските банди.

Се верува дека во трговијата доминираат имигрантите кои илегално влегуваат од соседните земји Лесото, Зимбабве и Мозамбик, потсетува американската агенција.