ТЕХНОЛОШКА РЕВОЛУЦИЈА: Првата лебдечка ветерница ќе обезбеди струја за 20.000 куќи (фото)

Сподели со своите пријатели

Првата лебдечка фарма на ветерници во светот се формира близу североситочниот брег на Шкотска, а таа револуционерна технологија ќе овозможи користење на енергијата на ветерот во водите предлабоки за конвенционалните стоечки турбини.

До сега е псотавена само една, а уште четири чекаат распоредување.

Loading...

Фармата е тест кој сака да обезбеди струја за 20.000 домови, а компанијата „Статојл“, произведуваш на турбини, соопштила дека очекува количината на енергија добиена на оваа лебдечка фарма да ги надмине сите веќе постоечки.

Компанијата се надева дека развојот на новата технологија ќе донесе заработка, посебно во Јапонија и на западниот бред на САД каде водите се длабоки.

Исто така, верува дека во иднина производството на трбини ќе чини многу помалку споредбено со сега, па лебдечките фарми ќе бидат многу конкурентни.