Техничка стока и свежи печурки запленети на ГП Табановце (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Во текот на минатите две недели, царинските службеници спречија повеќе обиди за криумчарење разна стока, при што привремено се задржани девизи, делови за комбајни и багери, техничка стока, делови за компјутери, опрема за тетовирање, облека, цигари и свежи печурки, информираат од Царинската управа на Република Македонија.

Употребувана хидраулична пумпа за багер, била откриена при контрола на бугарски автомобил, управуван од македонски државјанин, пријавен за влез во државата на граничниот премин Табановце автопат. Непријавената пумпа, пронајдена во торба сместена во багажникот на возилото, е привремено задржана, а против возачот е поведена прекршочна постапка.

Вкупно 182 парчиња техничка стока, откриени во два одвоени случаи на граничниот премин Табановце автопат, при контрола на два автобуси пријавени за влез во државата.

Во првиот случај, при контрола на српски автобус, што сообраќал на редовната линија Белград – Скопје, во патна торба сместена во багажниот простор биле пронајдени 1 дисплеј- порт тип Dell WD15, 15 слушалки и 15 кабли за слушалки. Непријавените производи, сопственост на македонски државјанин кој патувал со автобусот, се привремено задржани, а против патникот е поведена прекршочна постапка.

Во вториот случај, при контрола на дански автобус кој сообраќал на редовната линија Копенхаген – Тетово, во просторот за багаж на автобусот биле пронајдени 149 парчиња разни компјутерски делови (рам-мемории, процесори, мрежни картички и хард дискови), еден лаптоп и еден мобилен телефон. Непријавените производи, сопственост на македонски државјанин кој патувал со автобусот, се предадени на Секторот за контрола и истраги при Царинската управа, за понатамошна постапка.

67 килограми свежи печурки, откриени при контрола на празно македонско товарно комбе управувано од македонски државјанин, пријавено за влез во државата на граничниот премин Табановце автопат. Непријавените печурки, пронајдени во повеќе кеси сместени во товарниот дел и под совозачкото седиште, се привремено задржани, а против возачот ќе биде поведена соодветна постапка.

Leave a Reply