Таткото ја вовлекол во царството на злото: Во името на Сатаната, трпела болка, тортура и силување!

Сподели со своите пријатели

Невработеноста не е единствената опасност за егзистенцијата на младите. Светот во кој владее злото, темнината, омразата, бруталноста и насилството исто така демне.

Loading...

Тоа се групи што ѝ се поклонуваат на Сатаната и вршат обреди со сурови ритуали.

 

 

Безброј обреди и чинови

Невработеноста не е единствената опасност за постоењето на младите. Светот во кој владее злото, темнината, омразата, бруталноста и насилството исто така демне. Тоа се групи кои ја слават Сатаната и извршуваат обреди со сурови ритуали, во кои се пие животинска крв, а честопати станува збор за човечка крв.

Токму во таков свет се родила Лора, на мало место во Минстерленд. Таа е една од оние среќници кои успеале да излезат од канџите на сектата. Тоа е свет во кој владее зло, темнина, омраза, бруталност и насилство.

Loading...

„Татко ми, кој имаше висока позиција во сектата, започна рано да ме учи да ги почитувам правилата на сектата и да не кажувам никому за нив. Тоа го сакаше нашиот возвишен.

 

 

Највозвишениот бил сатаната?

Највозвишениот за Лора била сатаната и во негово име претрпела болка, тортура и силување. Од рана возраст, таа водела двоен живот, таа била нормална студентка, а во тајниот свет слуга на темни сатански ритуали.

„Од нас се бараше да бидеме слепо послушни на мажите. Парите што ги заработивме одеа во рацете на највозвишениот”.

Верскиот експерт Аделхаид Херман-Пфандт вели дека сектата во која припаѓало семејството на Лаура припаѓа на особено брутална форма на сатанизам, која, за жал, не е сфатена доволно сериозно во општеството.

Loading...

„Младите луѓе во сектите се безопасни, но оние кои практикуваат најлоши ритуали се целосно непрепознатливи во општеството. Тие се насекаде околу нас, но сигурно не одат наоколу со превртени крстови. Тие секако сакаат да останат тајни цел живот”.

 

 

Меѓу жртвите има и голем број жени

Ова мислење го споделува и Бригита Хан, од католичката епархија во Минстер. Досега околу 30 жртви на сатанистичкиот култ побарале нејзина помош. Тоа се претежно жени кои зборувале за темни ритуали, некои дури и за ритуален абортус и убиства.

„Тие рекоа дека забремениле на ритуални церемонии. За време на ритуалот, тие родиле, а новороденчињата биле ритуално жртвувани. Бременоста се чувала во тајност, така што новороденчињата не биле регистрирани никаде”.

Долго време никој не сакал да верува во приказните на Брижит Хан. Затоа таа спровела истражување меѓу 2.000 лекари и терапевти во Северна Рајна-Вестфалија.

Loading...

120 лекари одговориле на прашањата и потврдиле дека имаат пациенти кои преживеале насилство во сатански групи.

Алфонс Срот од Католичката епархија во Оснабрик, исто така, ги следел овие секти со години, собирајќи фотографии од ритуали на кои се гледало дека децата лежат на олтарот или врзани за крст.

„Во првата година бев целосно сам, никој не веруваше дека ова што го зборував е вистина, тие сметаа дека сум луд. Благодарен сум што луѓето од црквата сега ми веруваат затоа што тоа значи дека можеме да им помогнеме на жртвите”.

 

 

Loading...

Прво тортура, а потоа тешка траума…

Проблемот е во фактот дека жртвите се трауматизирани и ментално болни на многу начини. Затоа, многу е тешко да се препознае дали нивните сведоштва се точни.

Следењето на жртвите не е лесно затоа што голем број постојано се враќаат во сектите. И Алфонс Строт се плаши.

„Од почетокот ми се закануваа дека ќе ме спречат да му служам на Бога или дека ќе ја кренат во воздух црквата. Чувството дека постојано се околу вас предизвикува голем страв”.

Лора вели дека успеала да излезе од сектата во моментот кога требало да роди дете за потребите на сатанскиот круг. Денес, таа живее во дом за трауматизирани жени во Долна Саксонија под строга заштита.

Loading...

„Во случај на моја смрт, дури и да изгледаше како несреќен случај, информациите за мене ќе бидат предадени на државното обвинителство. Тоа е своевидно осигурување за да членовите на сектата да не ми прават никаква штета или да ме убијат. “

Leave a Reply