ТАТА-ТА-ТИРА: Бранко Коцкица оди во заслужена пензија (видео)

Сподели со своите пријатели

Познатиот српски актер Бранко Миличевиќ, во јавноста познат како Бранко Коцкица, одлучи да најде замена и да оди во пензија. Бранко Коцкица на постарите генерации им е познат по своите емисии за деца од времето на СФРЈ, кои се емитуваа на просторот на цела поранешна Југославија.

Loading...

”Коцка, коцка, коцкица”, емисија со која израснаа многу генерации, оваа година одбележува пет децении од своето постоење. Откако во 2005 беше емитувана за последен пат, Бранко Миличевиќ се пресели во ”Пуж” театар за деца и младинци, но, сега одлучи да се повлече и од тој ангажман.

”Мојата роденденска желба е “Пуж” да продолжи да живее младински живот, бидејќи јас веќе имам седум банки. Јас сакам да одам во пензија. И понатаму ќе бидам шеф и ќе пишувам по нешто, а ги повикувам младите актери да се јават за да направиме кастинг за оној кој ќе ме замени во претставите. Тој еден Бранко треба да го заменат двајца или тројца луѓе”, низ шала порачува Миличевиќ за српските медиуми.

Бранко Миличевиќ е роден на 3 април 1946 година. Неговата позната емисија ”Коцка, коцка, коцкица” се емитуваше на РТС од 1974 до 1993 година, со пауза се` до почетокот на 2005. Тоа што беше препознатливо во неговата емисија е што на децата им се обраќаше со ”другари”, а знакот за тргнување им беше ”тата-та-тира”.

 

 


Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *