ТАСС: Путин нема да го следи денешниот говор на Бајден во Полска

Сподели со своите пријатели

Рускиот лидер Владимир Путин нема да го следи обраќањето на американскиот претседател Џо Бајден во Полска подоцна денеска, но ќе биде „информиран за главните тези“, јави државниот медиум ТАСС, цитиран од Си-Ен-Ен.

Loading...

Бајден е во Полска каде ќе се состане со претседателот Анджеј Дуда и ќе одржи голем говор по повод одбележувањето на една година од инвазијата на Кремљ врз Украина на 24 февруари.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека ненадејната посета на Бајден на Киев во понеделник „не се смета за исклучителен настан за Русија“, пренесе ТАСС.