Тамбурашкиот фестивал „Куманово 2020“ годинава само со домашни изведувачи

Сподели со своите пријатели

Шеснаесетото издание на тамбурашкиот фестивал „Куманово 2020“ годинава ќе се одржи на 28ми и 29ти август и тоа само со домашни изведувачи и под сите протоколи за заштита од коронавирусот.

Loading...

Организатор на настанот се Општина Куманово и Фондација за култура и спорт, а градскиот плоштад два вечери ќе биде во знакот на традиционалната тамбура.

Во петок на 28ми август ќе настапат групата „Боеми“ од Битола и „Синтезис“ од Скопје.

Втората фестивалска вечер која ќе се одржи во сабота на 29ти ќе настапат групата „На здравје“ од Куманово и „Љубојна“ од Скопје.

Фестивалот финансиски е поддржан и од Министерството за култура.

Никола Ивановски

Leave a Reply