Талибанците го забрадија Радио Слободна Европа

Сподели со своите пријатели

Талибанците вчера објавија дека го забраниле авганистанскиот сервис на Радио Слободна Европа.

Loading...

Позната како Азади, што значи слобода, станицата емитувала едукативни програми за девојчиња во Авганистан, на кои им е забрането да одат на училиште.

– Радио станицата финансирана од САД е откажана поради непочитување на новинарските принципи и еднострано известување – напиша на Твитер функционерот на талибанското Министерство за информации Абдул Хак Хамад (Хак Хамад).

Не смеат да патуваат

Овој потег се случи по поширокото сузбивање на слободите на авганистанските жени и девојки.

И покрај тоа што Талибанците велат дека ќе ги заштитат правата на жените, откако дојдоа на власт во август 2021 година, тие ги ограничија различните слободи.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Што ја очекува Европа ова лето, по рекордниот топлата пролет?

На тој начин ги спречуваат жените да патуваат на долги растојанија без машки старател и им оневозможуваат на девојчињата образование.

Радио Слободна Европа, кое е познато и како Радио Слобода, е финансирано од американската влада, но уреднички е независно.

Се емитува на двата главни јазици што се зборуваат во Авганистан, дари и пашту.

Loading...

Алтернативни начини

Оваа радио станица нагласи дека ќе бара алтернативни начини за обезбедување на своите услуги во Авганистан.

– Азади е сламката на спасот за десетици милиони Авганистанци, што ја прави одлуката на талибанците уште потрагична – изјави претседателот на Радио Слободна Европа, Џејми Флај.

Радиото веќе ја затвори својата канцеларија во Авганистан. Ова се случи откако Талибанците дојдоа на власт.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Што ја очекува Европа ова лето, по рекордниот топлата пролет?

Радио Слободна Европа е основано по Втората светска војна за да ги поддржи бегалците од СССР и да им даде платформа да го изразат своето мислење пред пошироката публика.