Таксисти одбиле дезинфекција и покрај полициска асистенција на Табановце

Сподели со своите пријатели

Тимовите на Итна медицинска помош пред два дена, во ТЦ Табановце пружиле здравствена заштита на двајца мигранти кај кои била дијагностицирана неуроза според дадените шифри по извршен лекарски преглед, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи.

Во текот на изминатите 24 часа од страна на ДДД служба при ЦЈЗ Куманово извршена e само дезинфекција на 16 вагони – 3200 м.кв. и дезинфекција на 800 м.кв.простор со објекти, додека по направениот хигиеноепидемиолошки увид земени се два примерока на вода за микробиолошка анализа.

Во текот на изминатата ноќ  не е направена дезинфекција на такси возилата ( околу 150) кои пристигнале во пунктот за помош на мигранти Табановце, информира РЦУК, откако истите одбиле и не дозволиле да се изврши дезинфекција и покрај асистенција на полицијата.