Таксист по грешка бил 17 години во Гвантанамо: Мислеле дека е терорист

Сподели со своите пријатели

По 17 години минати во контроверзниот американски затвор Гвантанамо, пакистанскиот таксист Ахмед Рабани (52) конечно е на слобода.

Loading...

Американскиот Сенат, инаку, пред шест години утврди дека тој не е терорист.

Таксистот во Карачи, Ахмед Рабани, бил уапсен во рација во Пакистан заедно со неговиот брат пред 19 години, поради наводни контакти со Ал Каеда.

 

 

После тоа, тој бил префрлен прво во Кабул, а потоа во Гвантанамо, пренесува Дејли Пакистан.

Неговиот адвокат Клајв Стафорд Смит изјави дека Ахмед Рабани бил уапсен по грешка, бидејќи мислеле дека тој е Хасан Ѓул, криминалец од потерницата.

Loading...

Извештаите на Сенатот велат дека Рабани бил мачен една и пол година.

Исто така, се наведува дека Гвантанамо препорачал да се покрене процес против него, но тоа не се случило.

 

 

Ова е само една од грешките

Во еден текст во американските медиуми, Рабани наведл дека пакистанските власти го уапсиле и го предале на Американската централна разузнавачка агенција (ЦИА).

Тој тогаш рече и дека бил чуван на темно место во Кабул, каде што рацете му биле врзани со синџири над главата со денови.

Loading...

Ослободени се и Асадулах Харон Ѓул, Саифула Парача и Абдул Латиф Насер.

Ова е само една од многуте грешки што ги направија САД во ловот на радикалните исламисти по терористичкиот напад на Њујорк и Вашингтон на 11 септември.