Тајно отвориле две термоелектрани да би можеле за „копаат” биткоин

Сподели со своите пријатели

“Линк Глобал” во Алберија, Канада, спровел  илегална операција за копање на биткоин, и со цел да обезбеди доволно енергија за тоа, тајно изградиле две термоцентрали кои украле гас од блискиот извор на природен гас. Како сето тоа да не е доволно, тие ќе успееја да останат неоткриени доколку електраните не им направеле бучава на соседите кои се капеле  во надворешното џакузи.

Loading...

Жителите на Грејстоун Манор се пожалиле минатата есен за досаден шум, како што е „моторот на авионот што се загрева на пистата“.

 

 

„Имаме џакузи во дворот“, рече еден жител за Си -Би –Ес Њуз, додавајќи дека тоа е тивка, богата област.

Соседите организирани после тоа и по неколкумесечна истрага, откриле  дека „Линк глобал“ никого не известил за своите термоелектрани – ниту локалната самоуправа, ниту сопствениците на изворот на природен гас „Мага енерџи“.

Комисијата за електрична енергија Алберта сега бара 5,6 милиони долари од компанијата, за електрична енергија што ја потрошиле за ископување биткоин, како и дополнителни казни.

Loading...

 

 

Утврдено е дека „Линк глобал“ чувал две термоелектрани кои работеле цели 426 дена. Тајните електрани напојуваа 4 генератори со по 1,25 мегавати моќност, голтајќи 210 кубни метри гас на час.