Тајни ритуали, секс и дрога: Што се крие познатиот Микинос?

Сподели со своите пријатели

Микинос одамна е познат како грчко катче за оние со подлабок џеб. На преубавиот остров забавите никогаш не престануваат, а оние за ВИП клиенти на менито имаат секс и дрога, но и влезница по цена од 1.000 евра.

Loading...

Дека на овој остров во приватни вили се организираат оргии е јавна тајна. Сите знаат за нив, но од окото на даночниците бргу бегаат. Невозможно е да им се наплати данок, дури ни со помош на бројни инспектори кои го чешлаат островот, барајќи индивидуи или групи луѓе кои се во состојба за ноќ дива забава во луксузна вила или јахта да платат влезница од 1.000 евра.

Цената вклучува скоро се: најдобри светски ди-џеи, многу алкохол, тајни ритуали кои се завршуваат со секс, како и опијати кои се претставуваат како „еликсири“ или „освежувања“.

Судејќи по дојавит екои надлежните на Микинос ги имаат, секоја вечер на тој остров се организираат најмалку три големи забави со гласна музика, потоци алкохол, па дури и илјадници евра вреден огномен. Вилите ги чува приватно обезбедување со јасни наредби внатре да не пушта никој кој не добил покана и платил цена за влезницата.

Како што пишуваат грчките медиуми, годинава организаторите на забавите се префрлиле и на интернет, каде наоѓаат новиг ости за забавите на кои ќе се соберат стотици илјади евра. Тие обично се кријат зад веб сајтови кои ветуваат одмор преполн со медитација и опуштање, а вусшност им даваат секојдневно забави на најразлични места на островот.

Неколку часа пред да започне забавата, на гостите им ги даваат координатите од вилите преку вибер или вотсап, за да никој не им влезе во трага.

Loading...

Влезицит ечинат од 500 до 1.000 долари по личност, а можат да одат и до 10.000 евра.

Доколку се појави полицијата, тие секогаш велат дека се работи за приватен настан на кој полицијата, трудовата инспекција и даночниците не можат да влезат. Многу од тие вили се изнајмени, а нивните сопственици подоцна и самите велат дека се измамени, затоа што куќата не ја изнајмиле за забава.

Угостителите кои на Микинос водат легални бизниси велат дека ваквите забави создаваат нелојална конкуренција со останатите легални настани на островот. Не станув збор само за данокот, туку и дека на тие забави нема работно време, ниту ограничување на алкохолот.

Leave a Reply