Тајмс: Западот го знае името на лицето кое наредило диверзија на Северен тек

Сподели со своите пријатели

Западните разузнавачки агенции знаеле за украинската вмешаност во саботажата на гасоводите „Северен тек“ и „Северен тек 2“, една недела по експлозиите, пишува британски „Тајмс“.

Loading...

Според авторот на текстот, НАТО се обидел да спречи овие информации да станат јавни, бидејќи тоа би довело до заострување на односите меѓу Украина и Германија.

Во написот се наведува и дека европските разузнавачи го знаат името на „приватниот спонзор“ на саботажата.

Безбедносните служби не го откриваат неговиот идентитет, но станува збор за богат Украинец кој, наводно, нема врска со претседателот Володимир Зеленски.

„Порано или подоцна, неговото име дефинитивно ќе биде објавено, особено ако се земе предвид дека ја остави својата необична „визит-карта“.

„Односите на Украина со нејзините сојузници ќе останат во најдобра состојба, доколку ова лице јавно признае“, се вели во текстот, без да се прецизира каква било трага што може да укаже на идентитетот на „влијателната личност“, пренесува Спутник.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.