Тајланд: Смртоносна експлозија во полициски комплекс

Сподели со своите пријатели

Најмалку едно лице загина во денешната експлозија на бомба во полициски комплекс во јужен Тајланд, изјави полицискиот потполковник Нити Суксан, заменик полициски комесар во провинцијата Наративат.

Loading...

Властите соопштија дека во експлозијата се повредени 29 лица и предупредија дека очекуваат бројот на жртвите да биде поголем, пренесува Ројтерс.

„Тоа беше автомобил-бомба. Сѐ уште ја чистиме областа и бројот на повредени може да се зголеми“, рече потполковник Суксан, додавајќи дека меѓу загинатите има и еден полицаец.

Најмалку 29 лица се згрижени во болницата поради повреди, меѓу кои и полицајци и цивили, соопшти локалната болница.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Џакарта повеќе нема да биде главен град на Индонезија

Засега никој не ја презеде одговорноста за нападот.