Тајфун во Шангај предизвика колапс, над 500.000 луѓе во засолништа (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Тајфунот Ин-фа донесе силен дожд во областа Шангај, поплавувајќи ги пониските области и патишта, а ветерот ги сруши билбордите и знаците во источна Кина, додека 500.000 луѓе бараа заштита во засолништата.

Loading...

Откажани се летовите и линиите за возови, затворени се забавни паркови, паркови и шеталиштето Бунд покрај реката, како и бројни канцеларии, вклучувајќи го и Конзулатот на САД во Шангај.

Скоро 500.000 луѓе привремено се преселија во засолништата, додека на другите им било кажано да не ги напуштаат своите домови освен ако не е апсолутно потребно.

Локалните власти соопштија дека ветерот соборил околу 30.000 дрвја и 268 билборди и реклами.

Работата на метрото во Шангај е делумно прекината поради можност за поплавување, објави АП.

Прекинот во снабдувањето со електрична енергија погоди 110.000 корисници, а 12.700 домаќинства се уште се без електрична енергија.

 

https://youtu.be/wMIG_9fPv70

Loading...

Leave a Reply