Табановце е преплавено од автобуси со бегалци поради штрајкот на машиновозачите

Сподели со своите пријатели

Повеќе од педесетина автобуси пристигнаа во прифатниот бегалски камп на Табановце вчера, откако машиновозачите на Македонски Железници стапија во штрајк, барајќи ги заостанатите лични доходи за јули и август.

Loading...

Според информациите од Железничка станица во Гевгелија, вчера од јужната граница кон Табановце заминале четири специјални возови со околу 2.000 мигранти, а останатиот дел од околу 4.000 мигранти биле превезени со автобуси и такси возила.

Како што соопштуваат од станицата во Гевгелија, денес се очекува редуциран превоз на бегалците кои ќе бидат транспортирани во три воза, но, според активистите, од јужната страна се уште нема возови кон Табановце.

Според проценките, и во текот на денешниот ден се очекува низ земјава да транзитираат од пет до шест илјади мигранти.