Девојка која обожава животни, ги отворила своите врати за суштества од секаков вид и големина. Моментално во својот дом живее со дури 90 различни видови животни, а поголемиот дел се наречени по ликови од серијалот „Господар на прстените“.
Андри Рачел (31) од Атланта живее со миленици меѓу кои магарето Билбо Багинс, козата Кандалф, шпанел Фродо и две мачки, Боромир и Фарамир. Годишно троши околу 10.000 долари на храна и ветеринарски сметки.
Во својата приватна зоолошка градина има уште и свињи, пилиња, папагали, коњи, пауни, патки, крави, гуштери, зајаци, змии, желки, питони и многу други.
Адри направила и посебен кревет, за да најмалку четири животни можат да спијат со неа, пишува Дејли мејл.
Исто така потрошила уште 10.000 долари на реновирање на куќата за гости, за да во внатрешноста можат да живеат птици и свињи.
– Отсекогаш сум ги сакала животните. Мислам дека никого не изненадив што живеам вака, рекла Андри, која инаку е и голем фан на франшизата „Господар на прстените“.
Рекла дека обично со неа во креветот спијат свињи и кучиња.
– Иако имам голем кревет, обично сите спијат преку мене, рекла таа.
Во куќата поставила и камери, па кога е отсутна, може да ги следи своите миленици.
Скоро сите животни ги спасила и вели дека ваков живот не е за секого.
Нејзиниот профил на социјалните мрежи е преполн со фотографии од животни, а Андриј признала дека никогаш не можела да биде во врска со личност кој има само едно куче.