СЗО предупредува на мали сипаници во Европа, апел за вакцинација

Сподели со своите пријатели

Светската здравствена организација предупреди денес за „драматичното заживување“ на малите сипаници во Европа, делумно како резултат на одбивањето на вакцинацијата.

Loading...

Бројот на заболени од мали сипаници во првата половина од оваа година е двојно зголемен во однос на истиот период во 2018 година.

Според СЗО, скоро 90.000 луѓе во Европа се заразиле со вирусот од јануари до јуни.

Во Украина се пријавени 84.000 случаи, а украинското Министерство за здравство во февруари објави дека осуммина починале од сипаници.

Сипаници е една од најзаразни болести и главно се шири со кашлање, кивање и близок контакт.

Leave a Reply