СЗО ја стави зависноста од играње видео-игри на листата ментални болести

Сподели со своите пријатели

На оние кои компулзивно играат видео-игри подолг временски период, според најновите истражувања, би можело да им биде дијагностифицирано ментално пореметување.

Имено, Светската здравствена организација по прв пат на листата ментални заболувања ја вклучи и зависнсота од играње видео-игри, а пореметувањето е окарактеризирано како постојано или често однесување кое подразбирање играње видео-игри, како онлајн, така и офлајн.

Тоа вклучува фаворизирање видео-игри во однос на другите животни интереси, па поради упорното играње се јавуваат негативни последици.

Пациент вакво однесување мора да покажува најмалку година дена пред да му биде одредена ваква дијагноза, но експертите предупредуваат дека би можело да се разликува од случај до случај, а во зависност од сериозноста на состојбата, се разликува и загрозеноста на поединецот.

Во иднина трошоците од лечењето зависност од видео-игри би можело да го покрива здравственото осигурување на пациентот, но рамките за тоа се уште не се утврдени.