СЗО и ЕЦДЦ: Да не го занемаруваме ХИВ поради Ковид

Сподели со своите пријатели

Бројот на луѓе кои живеат со недијагностициран ХИВ во Европа се зголемува и само во 2019 година, вирусот е дијагностициран кај повеќе од 136.000 луѓе, покажуваат податоците објавени денеска од Европскиот центар за контрола на болести и Светската здравствена организација за Европа.

Loading...

Околу 20 проценти од овие дијагнози се во Европската унија и 80 проценти во источниот дел на европскиот регион.

Секој втор случај на ХИВ се открива во доцна фаза на инфекцијата кога имунолошкиот систем веќе почнал да опаѓа. Ова е знак дека стратегиите за тестирање во регионот не даваат соодветни резултати за рано дијагностицирање.

Во последната деценија, бројот на дијагностицирани со СИДА, односно последната фаза на нелекувана ХИВ инфекција, е преполовен, а целта е да се стави крај на епидемијата на СИДА до 2030 година е достижна.

Сепак, според заедничката изјава на СЗО и ЕЦДЦ, проблемот е во доцното дијагностифицирање на ХИВ инфекцијата.

– Се сеќавам кога дијагнозата за ХИВ изгледаше како смртна казна. Сега, со соодветна терапија, луѓето со ХИВ можат да живеат без страв од СИДА. Овие податоци се од 2019 година и прашањето во 2020 година мора да биде како пандемијата ќе влијае на тестирањето до крајот на 2021 година, изјави Ханс Клуге, регионален директор на СЗО за Европа.

Тој додаде дека приоритет мора да биде да се продолжи со тестирање за ХИВ и лекување на болните.

– Не смееме да дозволиме пандемијата да ни ја одземе иднината без СИДА, што е на наш дофат, истакна Клуге.

Loading...

Директорот на ЕЦДЦ, Андреа Амон, рече дека и покрај фокусот на пандемијата на Ковид-19, другите прашања важни за јавното здравје, како што е ХИВ, не смеат да се занемарат.

Јасмина Тасевска

Leave a Reply