СЗО: Бројот на заразени во европскиот регион е над 60 милиони

Сподели со своите пријатели

Според Светската здравствена организација (СЗО), бројот на случаи на коронавирус во европскиот регион надмина 60 милиони од почетокот на пандемијата.

Loading...

Ова го објави регионалната канцеларија на СЗО со предупредување дека „патувањата не се без ризици“.

„Крајот на пандемијата е далеку и за жал, досега има повеќе од 1,2 милиони смртни случаи во европскиот регион како резултат на КОВИД-19“, рече Дорит Ницан, директор за итни случаи на СЗО за европскиот регион, а пренесе Анадолија.

Таа ја истакна важноста земјите да продолжат со заедничките напори за заштита на најранливите граѓани и категории под ризик.

СЗО соопшти дека повеќе од 198,02 милиони случаи на СОВИД-19 се регистрирани ширум светот, вклучувајќи околу 4,22 милиони смртни случаи, додека се администрирани речиси 3,84 милијарди дози на вакцини.

„За да се запре пандемијата, треба да ги изедначиме можностите за вакцинација во сите земји, вклучително и поддршка за производство на вакцини и споделување дози, по потреба, за да ја заштитиме ранливата популација во секоја земја“, рече Ницан.

Процентот на вакцинирани е многу различен во 53 земји во европскиот регион на СЗО, кој вклучува земји од Гренланд на северозапад до крајниот исток на Русија.

„Бидејќи се покажа дека вакцините се ефикасни во спречување на сериозни болести и смрт, повеќе случаи на коронавирус во приоритетните групи ќе значат повеќе хоспитализации и смртни случаи. Затоа мора итно да ги вакцинираме приоритетните групи “, истакна таа.

Loading...

Leave a Reply