СВР Куманово со превентивна активност за безбедно возење трактор

Сподели со своите пријатели

Отсекот за превенција при СВР Куманово во соработка со Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата, во кумановските села Љубодраг, Умин дол, Опае и Лопате, спроведе превентивна активност од областа на сообраќајот, „Безбедно возење на трактор и земјоделски машини“, соопштија денеска од кумановската полиција.

Loading...

– Во непосреден разговор со граѓаните, особено оние што ја користат земјоделската механизација од страна на полициските службеници им беше укажано за важноста од почитување на сообраќајните правила и прописи при управување на возилата, а посебно им беше потенцирано за потребата околу техничката исправност на оваа механизација, првенствено поради нивната лична безбедност и секако за безбедноста на сите учесници во сообраќајот, соопштија од СВР Куманово.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Отворена изложбата „Гласна тишина“ на Мартина Спасовска во Куманово

 

 

Полицијата постави и флуоресцентни самолепливи ленти заради обележување на тракторите при управување во ноќни услови и при намалена видливост на патот.

МИА