СВР Куманово со превентивна активност во населбата Гоце Делчев

Сподели со своите пријатели

По планот за „Безбедно лето“ Секторот за внатрешни работи Куманово преку своите организациски единици реализираше превентивна активност со граѓани кои живеат во населбата Гоце Делчев.

Loading...

 

 

При непосредни средби на граѓаните им беа поделени летоци со практични совети за поголема заштита од кражби и имотни деликти и преку кратки едукативни разговори им беше укажано околу ризиците од палење оган на отворен простор и последици од истиот.

 

 

Loading...

Воедно, на непрописно паркираните возила беа поделени летоци во форма на платен налог.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  23-годишник од Куманово физички го нападнал својот татко