СВР Куманово со кривична за жител на Гошинце

Сподели со своите пријатели

СВР Куманово поднесе кривична пријава против Х.З.(40) од село Гошинце, општина Липково, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вршење јавен превоз без поседување лиценца“.

Како што информираат од полицијата, на 29.07.2018 година околу 17.30 часот во атар на село Липково, во близина на браната „Глажња”, при контрола на товарно возило „Мерцедес“, сопственост и управувано од пријавениот, вработени во ЈП „Македноски Шуми” утврдиле дека вршел јавен превоз на дрвни сортименти без соодветна лиценца издадена од Министерството за транспорт и врски.

Leave a Reply