СВР Куманово со активности за зголемување на сообраќајната култура

Сподели со своите пријатели

Во рамки на превентивната кампања „Безбедно лето 2022“, Отсекот за превенција при СВР Куманово спроведе превентивна акција со цел подигање на свеста кај возачите односно зголемување на сообраќајната култура.

Loading...

 

 

– На возачите им беа поделени летоци со едукативни содржини, а исто така беше разговарано со нив за актуелни теми од областа на безбедноста на сообраќајот од важноста за користење појас, да ги почитуваат правилата и прописите во сообраќајот, да ја почитуваат препорачаната брзина, да не возат под дејство на алкохол, стои во соопштението на кумановската полиција.

 

 

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Девојче од Куманово нападнато додека се враќало од училиште

Воедно, на непрописно паркираните возила им биле поделени летоци во форма на платен налог.

 

 

Отсекот за превенција, со активностите ќе продолжи во наредниот период.

Никола Ивановски