СВР Куманово поднесе пријава за напад врз полицаец

Сподели со своите пријатели

Сектор за внатрешни работи Куманово поднесе кривична пријава против С.С.(39) од село Арачиново за сторено кривично дело ,,Напад над службено лице при вршење работи на безбедноста”, информираат од Министерството за внатрешни работи.

На 05.01.2018 година околу 18,20 часот, во село Липково, на раскрсница за село Отља, при контрола, од полициски службеник на возило, кое што го управувал пријавениот, и укажувањето на законските мерки за сторените сообраќајни прекршоци, пријавениот му упатил закани на полицискиот службеник, по што почнал да го турка и влече за јакната.

По интервенција на полициски службеници, пријавениот бил приведен во полициска станица.