СВР Куманово поднесе пријава против шеф за заштита на шуми

Сподели со своите пријатели

СВР Куманово поднесе кривична пријава против Н.С. (45) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „спречување на службено лице во вршење службено дејствие“. На 29.06.2016 година, на регионалниот пат од с.Матејче кон с.Виштица на м.в. „Букурица“, пријавениот откако бил запрен од полициски службеници за да го контролираат возилото натоварено со дрва, истиот го насочил возилото кон средината на патот попречувајќи ги полициските службеници со нивното возило да го претекнат.

СВР Куманово поднесе кривична пријава i против С.А. (67), шеф за заштита на шуми и екологија во ЈП „Македонски шуми“ – подружница Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на службената положба и овластување“ и „фалсификување или уништување деловни книги“ и против Д.Ц. (35) поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „пустошење шуми“.

Во април 2012 година, С.А.  постапувајќи по барање за издавање одобрение за сеча на дрва поднесено од Д.Ц. не извршил увид на терен и идентификација на катастарската парцела, а заверил записник за увид на местото  на настанот и одобрение за сеча на дрво, по што Д.Ц. извршил сеча од 56,296 метри кубни дрва, стекнувајќи се со противправна имотна корист од 1.301.250 денари.