СВР Куманово поднесе пријава против кратовчанка за измама тешка 26.679 евра

Сподели со своите пријатели

Триесет и петгодипшната Љ.Ј. од Кратово заработи кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Имено пријавената во периодот од 8-ми февруари 2011 година до 22-ри август 2013 година, лажно прикажува и прикривала факти дека отплаќа рати за купување дуќан при што го довела и држела во заблуда М.В. (40) од Кочани земајќи му вкупно 26.679 евра.

Оштетениот привремено живеет и работел во Република Италија и во наведениот период по претходен договор со кратовчанката да отоврат дуќан за продажба на текстилни производи, преку „Вестерн јунион“ во 218 наврати и го исплатил износот од 26.679 евра.

Против осомничената Секторот за внатрешни работи Куманово поднесе кривична пријава за сторената измама.