СВР Куманово поднесе кривични за вршење јавен превоз без лиценца

Сподели со своите пријатели

СВР Куманово поднесе две кривични пријави против за вршење јавен превоз без поседување лиценца.

28-годишниот Н.И.  на 29.07.2018 година во 18.20 часот во село Липково, вработени во ЈП „Македноски Шуми”, при контрола на товарно возило „Мерцедес“, сопственост и управувано од пријавениот, утврдиле дека вршел јавен превоз на дрвни сортименти без соодветна лиценца издадена од Министерството за транспорт и врски.

Втората кривична пријава е против С.И.(49) од Скопје исто така поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вршење јавен превоз без поседување лиценца”. На 29.07.2018 година околу 17.45 часот во атар на село Липково, во близина на браната „Глажња”, вработени во ЈП „Македноски Шуми”, при контрола на товарно возило „Мерцедес“, сопственост и управувано од пријавениот, било утврдено дека вршел јавен превоз на дрвни сортименти без соодветна лиценца издадена од Министерството за транспорт и врски.

Leave a Reply