СВР Куманово поднесе кривична за транспорт на стока предмет на криумчарење

Сподели со своите пријатели

Секторот за внатрешни работи Куманово поднесе кривична пријава против Р.А.(35) од Скопје за сторено кривично дело „Прикривање на стоки кои се предмет на криумчарење и царинска измама“, информираат од Министерството за внатрешни работи.

На 20.02.2018 година околу 17,15 часот на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка на место викано “Света Петка”, од страна на полициски службеници при преглед на возило „Пежо Партнер“, сопственост на пријавениот, а управувано од лице од Скопје, била пронајдена и одземена поголема количина на разна колонијална и текстилна стока во вредност од 331.279 денари, за кои пријавениот знаел дека се прокриумчарени во Република Македонија, со што избегнал плаќање на давачки по основ на царина, акцизи со неутврдена вредност и данок во износ од 16.569 денари за која сума го оштетил Буџетот на Република Македонија.

Leave a Reply