СВР Куманово поднесе кривична пријава за фалсификување исправа

Сподели со своите пријатели

СВР Куманово поднесе кривична пријава против Т.З.(43) од Куманово поради постоење основано сомнение дека сторил кривично дело „фалсификување исправа“, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Loading...

Пријавениот, во почетокот на октомври 2015 година изготвил фалсификувана исправа-потврда за возило на моторен погон на барање од А.О.(49) од Скопје, да изврши пренамена на товарно возило „МАН“ за износ од 4.000 денари. На 06.10.2015 година, фалсификуваната исправа била приложена како доказ во Станицата за технички преглед во Куманово и на товарното возило била извршена пренамена.