СВР Куманово поднесе кривична пријава против државјанин на Украина

Сподели со своите пријатели

СВР Куманово поднесе кривична пријава против И.П. (23) од Република Украина поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправи“, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Пријавениот на  30.10.2017 година во 08.30 часот, при влез во Република Македонија, за товарното возило „Волво“, кое го управувал прикажал фалсификуван зелен картон и возачка дозвола.