СВР Куманово на средба со локалниот совет за превенција во Липково

Сподели со своите пријатели

Во рамки на превентивната кампања „Безбедно лето 2022“, Отсекот за превенција при СВР Куманово вчера оддржа работен состанок во салата на општина Липково со локалниот совет за превенција од општина Липково, претставници од месни заедници, имами од Исламска верска заедница и претставници од угостителски објекти од општината.

Loading...

– На средбата беше разговарано за вклучување на локалните заедници во спречување на одредени негативни појави особено во летниот период, како и за јакнењето на комуникацијата и соработката помеѓу полицијата и граѓаните, информираат од кумановската полиција.

Исто така, присутните дале поддршка на активностите на полицијата, особено во превенирање и спречување на појавите како што се неовластено пукање со огнено оружје на свечености, спречување на настанување пожари, безбедност во сообраќајот, нарушување на јавниот ред и мир и други.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Гиновска: Вчерашниот митинг беше масновно изразување на народната волја (ВИДЕО)

Отсекот за превенција, со активностите ќе продолжи во наредниот период, посочуваат од Секторот за внатрешни работи Куманово.

Никола Ивановски