СВР Куманово го одбележа денот на полицијата (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Секторот за внатрешни работи Куманово денеска го одбележа 7 ми мај Денот на полицијата.

Loading...

По тој повод беше положено цвеќе на гробовите на починатите кои животите ги загубиле на работна должност, а Отсекот за превенција спроведе превентивна акција за подигнување на свеста на граѓаните за безбедноста во сообраќајот и секојдневниот живот.

 

 

-Денеска го одбележуваме 7 ми мај Ден на полицијата, во услови на пандемија оваа година како и минатата нешто поскромно за разлика од порано, за да се испочитуваат протоколите, мерките за безбедност и заштита од Ковид 19. Покрај она традиционално положување на цвеќе на гробовите на починатите колеги, кои животите ги изгубија на работна должност, во област на превенција спроведуваме една превентивна акција, која всушност ќе се спроведе на повеќе различни локации во нашиот град, а се однесува на поттикнување на јавната свест за поголема безбедност на граѓаните, не само во сообраќајот, туку воопшто во секојдневното живеење. Во делот на сообраќај при контрола на возачите ќе има неколку прашања, дали знаат за бројот 192, дали знаат кога е ден на полиција, и воопшто прашања за безбедноста и ако се исправни во сообраќајот ќе добијат награда, маица, додека останатите кои нема да бидат исправни ќе им биде укажано за почитување на сообраќајни правила и прописи и ќе добијат флаер, кој укажува за поголема безбедност во сообраќајот. Исто ќе се направи со граѓани во дуќани, пазар, кои ќе ги сретнеме на улица. Така е и наречена денешната активност, средби со граѓани, при што ќе се разговара за безбедносни прашања, и ќе се поделат маички. Активностата се спроведува со пријателите и соработниците со кои работиме целата година, Општински совет за безбедност во сообраќајот на патиштата – вели Виолета Богдановска, началник за отсек за превенција при СВР Куманово.

 

Loading...

 

Текст М.Ф

Фото Н.И. 

 

Leave a Reply