Свлечиште на патниот правец Куманово – Крива Паланка

Сподели со своите пријатели

Свлечиште го парализираше сообраќајот во едната лента на патниот правец Куманово – Крива Паланка, поточно кај селото Страцин, информираат надлежните.

Екипите на јавното претпријатие „Македонија пат“ активно работат на расчистување на патот и нормализирање на сообраќајот, а од Авто мото сојузот на Македонија препорачува внимателно возење и следење на поставената сообраќајна сигнализација.

Активни свлечишта и одрони има на повеќе локации ширум земјата.