СВЕТСКИ ФЕНОМЕН: Го стопирала полицијата, а тој позитивен на сите видови дрога и алкохол

Сподели со своите пријатели

Откако тестирале еден возач, полицијата на североистокот на Шпанија останала изненадена. Тој бил позитивен на сите дроги кои биле опфатени со тестот: марихуана, амфетамин, метамфетамин, кокаин, опијати и алкохол.

Полицијата добила дојава дека во еден автомобил влегуваат неколку луѓе под силно дејство на алкохол, поради што излегла на терен и извршила увид.

По спроведеното тестирање, пријавениот возач добил казна од илјада евра.

Нова застрашувачка дрога која го убедува мозокот да умира (ФОТО)

Loading...

Одземени се шест бодови од неговата возачка дозвола поради возење во алкохолизирана состојба и уште толку поради употреба на дрога, јавува Еуроњуз.

Така ги искористил максималните 12 бодови кои во Шпанија можете да ги имате во возачката.

Сепак, полицијата истакнува дека тестот покажал дека возачот бил позитивен на дрога, но дека тоа не значи дека бил под нивно влијание, затоа што постои можност опијатите да ги земал претходно, но дека трагите се уште се во метаболизмот.

Инаку, разликата помеѓу возење под деојство на дрога и самото присуство на дрога во организмот е предмет на бројни судски жалби во Шпанија.

Опасна дрога сее смрт кај тинејџерите во Србија

Возачите ќе бидат прекршочно гонети и нема да мора да се појават на суд.

Во некои европски земји за сличен прекршок може да се добие казна и до две години затвор.

Leave a Reply