Светот има 12 години да ја спречи климатската катаклизма

Сподели со своите пријатели

Експертите предупредуваат дека и најмало загревање преку 1,5 степени би ги зголемило ризиците на долгодорчни или непоправливи промени.

Светот годишно ќе мора да вложува 2.400 милијарди долари во чиста енергија до 2035. година и до 2050. скоро целосно да се исфрли од употреба јагленот како извор на енергија за да се избегнат катастрофални последици врз климатските промени, предупредуваат Обединетите нации.

Глобалната температура веќе е повисока за еден степен споредбено со почетокот на индустриската револуција и на пат е да порасне за три степени до 2100 година, предупредуваат извештаите на ООН, а пренесува агенцијата Блумберг.

Мапа на земјите кои ќе успеат да ги преживеат климатските промени

Loading...

Во извештајот исто така се наведува дека до 2030. година светската температура ќе биде за 1,5 степени над прединдустрискиот период, што ќе го забрза ризикот од екстремни суши, шумски пожари, поплави и недостаток на храна за стотици милиони луѓе.

Затоа државите мора да преземат мерки „без преседан“ поради промена на начинот на кој функционираат, за да се задржи растот на глобалната температура под целното ниво или ризикуваат уште посилни топлотни бранови и поплави и силни суши во некои региони, предупредува ООН во извештајот.

Leave a Reply