Светот го доби првиот свитлив телефон (ФОТО+ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Свитливите телефони штотуку станаа реалност. Компанија од Калифорнија по име „Ројал“ го претстави „FlexPai“ – првиот свитлив мобилен уред во светот.

Кога е целосно „расклопен“ FlexPai е 7,8 инчен таблет со однос на страниците од 4:3, а кога е свиткан, големината на екранот е намалена на околу 4 инчи.

Станува збор за AMOLED екран кој може да се свиткува на средината, но не и на било кој друг дел.

 

Loading...

 

Неговиот софтвер, наречен Water OS (испод кој функционира Андроид) препознава кога корисникот го прави тоа, па тогаш се гаси половина од екранот и се прикажува уредот само на една половина која се користи во дадениот момент.

На една од половините корисникот има на располагање нешто поголем екран, па е пологично токму таа и да се користи. причината за тоа е што на другата половина има дуал камера од 16+20 мегапиксели, од кои вториот сензор е за телефото тип, така да уредот би требало да има сосема пристојни можности кога во прашање е снимање фотографии и видеа.

Кога е расклопен, дебелината на FlexPai изнесува само 7,6 милиметри. Меѓутоа, кога ќе се преклопи е подебел, односно од 15,2 милиметри.

Шарката која уредот го чини декласиран со преклопувањето е на 200.000 преклопувања, па малку е веројатно дека корисниците ќе имаат проблеми со неа за време на користењето, наведува ВВС.

 

 

Уредот има нов премиерен чипсет – 7 нанометарски Snapdragon 8150. Во основната конфигурација, FlexPai се испорачува со 6ГБ РАМ и 128ГБ простор за складирање податоци. Останатите конфигурации вклучуваат 8/256 и 8/512ГБ.

Уредот поддржува Ro-Charge технологија за брзо полнење, која е во состојба за еден час да наполни батерија од 0 до 80 отсто.

Royole FlexPai засега е претставен само во Кина, а почетнљата цена изнесува 9.000 јуани, односно околу 1.300 долари или 1.135 евра. Со други зборови, руедот е на ранг топ модели на Андроид телефони кои ги немаат споменатите карактеристики.

https://youtu.be/ZjdGhHLQIH4

Leave a Reply