Светот доби нова заштитна маска: Го прикрива само носот (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Со зголемувањето на бројот на лица заразени со коронавирусот, многу земји ги засилија мерки и се обидоа да најдат нови начини да ги заштитат луѓето од ковид-19, а некои од нив се и малку бизарни.

Loading...

Мексиканските експерти направија необична мини маска која го штити носот на човекот само додека јаде.

 

Според Ројтерс, мини маската е направена да се носи под заштитна маска за лице, зајакнувајќи ја заштитата од вирусот.

Видеото објавено на социјалните мрежи покажува како парот вечера со нова заштитна опрема.

Многу корисници на социјалните мрежи се збунети од ова видео, нарекувајќи го овој изум чуден, смешен и глупав, додека други објавија разни шеги со кои се потсмеваат на видеото.

 

Loading...

 

Leave a Reply